Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваат делот од Градското пристаниште во пресрет на Богојавление – Водици

Охрид, 13. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – ЈП „Охридски Комуналец“ активно се вклучува во подготовките за празнување на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

May be an image of 4 people, people standing and body of water– Нашите оперативни служби темелно го расчистуваат делот од Градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст. Ангажирана е и механизација и се расчистуваат наносите од песок, трска и друг вид отпад. Нашето претпријатие секогаш излегува во пресрет во подготовките за празнување на најмасовната црковно-верска манифестација во овој дел од православието по која Охрид стана препознатлив симбол, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. (Крај)

извор: ЈП „Охридски Комуналец“ фото: ЈП „Охридски Комуналец“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука