Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Аријана Гранде носи џемпер од македонскиот дизајнер со потекло од Охрид Алек Бимбилоски

Вашингтон, 13. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Мега популарната Аријана Гранде носи џемпер на „Loewe“, од познатиот македонски дизајнер со потекло од Охрид Алек Бимбилоски.

Таа во објава на стори на нејзиниот инстаграм-профил и се пофали со џемперот изработен во Македонија, јави порталот инфо.мк.

Се работи за еднобоен бел волнен џемпер од светски познатата модна марка „Loewe“ во едноставен  крој, на кој со црн вез од плетенина е рачно извезен ликот на Чихиро, девојчето од „Spirited Away“, јапонскиот анимиран  филм.

Џемперот е дел од колекција „Loewe X Spirited Away“, и на сајтот на светскиот бренд е достапен по цена од 1.700 долари.

Пејачката го прикажа ова на нејзиниот личен инстаграм-профил. Зад соработката со марката стои македонскиот дизајнер Алек Бимбилоски, косопственик на македонскиот бренд „Румор“, а соработката е поврзана со јапонското студио за анимација „Ghibli“.

Колекцијата која ја изработиле за „Loewe“ е веќе распродадена, и тоа во рекордно време. Колекцијата има многу парчиња изработени под етикетата „Made in Macedonia“, меѓу кои и најскапото плетено парче, кое чини 6.400 долари.

Share
извор: Инфо.мк фото: Инфо.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука