ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Пожар во куќа во Лескајца (Фото/Видео)

Охрид, 13. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево изби пожар во куќа во Лескајца, во близина на булевар „Туристичка“.

Според првичните, неофицијални информации, пожарот избувнал нешто после 16:00 часот во куќа и е најсилен на поткровјето.

Охридската територијална противпожарна единица интервенираше на лице место и се справува со пожарот.

До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до избувнување на пожарот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука