
Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ по трет пат под вода го запалија традиционалниот василичарски оган (Видео)
Охрид, 13. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“, кај Музејот на вода, на атрактивен и за нив препознатлив начин, по трет пат под вода го запалија традиционалниот василичарски оган со кој ја најавија Стара нова година.
На богатата трпеза беа испечените колбаси и квалитетно македонско вино.
Со ова нуркачите од „Амфора“ на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица, како и престојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – Денот на рибарите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: НЦ Амфора

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |