ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Поранешна вработена во СВР Охрид пронајдена мртва во стан во Охрид

Охрид, 13. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Безживотно тело на поранешна вработена во Секторот за внатрешни работи во Охрид е пронајдено денеска во стан на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, изјави за порталот Охрид 1 портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според истиот извор, станува збор за лице кое до пред четири години работело во СВР Охрид.

Во моментов се очекуваат резултатите од обдукцијата, а од СВР Охрид најавуваат повеќе информации во текот на утрешниот ден. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука