
Со Василичарски огнови и традиционална прослава се дочекува Стара Нова година во Охрид
Охрид, 13. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани ја прославуваат Православна или Стара Нова година Василица, посветена на Свети Василиј Велики.
За овој празник, како што се вели, колку маала – толку обичаи, па така во секој дел од охридско на различни начини се прославува дочекот на Старата Нова година.
Старата година вечерва се испраќа со палење Василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина. Се подготвуваат колбаси, печено месо и вино. со надеж дека 2022 година ќе биде посреќна и побериќетна. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Крсте Црнчо

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |