Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

83 санкции за возење под дејство на алкохол, од нив 38 на територијата на СВР Охрид

Скопје/Охрид, 14. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашната вечер (13./14.01.2022), во периодот од 20:00 до 02:00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија.

При тоа санкционирани се 83 возачи, од кои 38 на територија на СВР Охрид, 26 на територија на СВР Тетово, 22 на територија на СВР Скопје…

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука