Избор Локална самоуправа ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Објавени конкурсите за стипендии за охридските основци и средношколци и студенти во потешки социјални услови

Охрид, 14. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид ги објави конкурсите за доделување стипендии за ученици во основно и средно образование, како и за студенти кои живеат во потешки социјални услови.

Стипендиите ќе се доделуваат за девет месеци, за учебната 2021/2022 година. Ученичките стипендии се во висина од 1.500, додека студентските ќе изнесуваат 3.000 денари .

Конкурсите и правилниците за аплицирање може да ги симнете од следниве линкови:

за ученици во основно образование
за ученици во средно образование
за студенти

Потребните документи може да се доставуваат до 2-ри февруари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука