Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Среда, 19-ти јануари, Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија

Скопје/Охрид, 14. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), среда, 19-ти јануари 2022 година, Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, од Министерството за труд и социјална политика им го честитаат празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука