Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Нова серија земјотреси во пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин

Скопје/Битола, 14. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, денеска, 14-ти јануари 2022 година, повторно регистрираше серија земјотреси во пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин.

– Епицентрите се наоѓаат 120 километри јужно од Скопје во соседна Република Грција. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата најсилно беше почувствуван земјотресот во 10 часот и 46 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML3.0 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, од населението во градот Битола и околината, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука