Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Опожарен појас трска од 10 илјади м2 помеѓу Струга и Калишта

Струга, 14. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти јануари 2022 година, во 13:20 часот било пријавено дека на потегот помеѓу Струга и селото Калишта настанал пожар покрај брегот на Охридското Езеро, при што била опожарена трска со површина од околу 10.000 м2, сопственост на Република Македонија.

– Од страна на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука