Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со температура до 8. степени

Охрид, 15. јанаури 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно сончево и ветровито време. Ќе дува слаб до умерен, ветер од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 8. степени.

– Утре ќе преовладува слаб променлив ветер и наутро ќе има услови за појава на магла понекаде во котлините. Во понеделник и вторник ќе биде ветровито со засилен северозападен ветер вдолж Повардарието. Во вторник ќе има и зголемена облачност од која во северните и источните делови ќе има услови краткотрајно да заврнува снег кој на пониските места понекаде ќе преоѓа во дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука