Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во пожарот на улицата „Дејан Војвода“ опожарена кровната конструкција и дел од покуќнината

Охрид, 15. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти јануари 2022 година, во 16:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, сопственост на 59-годишниот А.Б., во кој била опожарена кровната конструкција и дел од покуќнината.

– Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат со интервенција на Територијалната протвпожарна единица – Охрид. Увид извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука