Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 14 лица кои управувале возила под дејство на алкохол на територија на СВР Охрид

Охрид, 16. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашната вечер (15/16.01.2022 година) во периодот од 21:00 до 03:00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Охрид.

– При тоа се санкционирани 14 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука