Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведени двајца млади охриѓани, се однесувале агресивно кон полициски службеници

Охрид, 16. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти јануари 2022 година, околу 02:30 часот, во СВР Охрид приведени се 24-годишниот К.Н. и една година постариот Р.Д. од Охрид.

– Двајцата, пред угостителски објект лоциран на Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување кон полициски службеници. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука