Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во близина на Велгошти пронајден починат жител на селото

Охрид, 16. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти јануари 2022 година, во 11:50 часот во СВР Охрид пријавено е дека во планински појас кај месноста „Бегутинец“, во близина на селото Велгошти, пронајден е починат 54-годишниот Н.Т. од истото село.

– Од страна на лекар констатирана е смрт без траги на насилство, а увид извршија полициски екипи во координација со Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука