Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

10-та меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2022“

Охрид, 16. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Центарот за напредни истражувања, од 17-19 јануари 2022 година, по јубилеен, 10-ти пат ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2022“.

Конференцијата е во партнерство со MIRAS – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното Наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, списанието Руски политички науки од Москва, Русија, како и списанието Журнал за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД.

– Поради светската пандемија на Covid-19, оваа година конференцијата ќе се одржи хибридно со физичко присустви и on-line преку платформата Zoom. Тематски фокус на оваа конференцијата ќе биде: „Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“. На конференцијата ќе бидат презентирани 42 труда, од 71 учесник и 11 земји, информираат организаторите.

Конференцијата ќе биде отворена во понеделник, на 17-ти јануари 2022, со почеток во 11:00 часот, во Амфитеатарот на Институтот за Филм – Универзетитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Учесниците ќе ги поздрави и градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, како и Националниот координатор за едно општество и интеркултурализам при Владата на Република Македонија м-р Роберт Алаѓозовски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука