Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со температура до 7. степени

Охрид, 17. јанаури 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен северозападен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 7. степени.

– Во следните денови времето ќе биде стабилно, утре со засилен северен ветер. Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во четврток кон крајот на денот и во петок, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука