Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Ковачевски ја презеде премиерската функција од Заев

Скопје, 17. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со 62 гласа „за“, Собранието синоќа ја избра новата влада, со која ќе раководи Димитар Ковачевски. Тој доаѓа на местото на Зоран Заев кој поденесе оставка по поразот на ланските локални избори.

Утринава во премиерскиот кабинет Ковачевски ја презеде функцијата од Заев.

Собраниската расправа за избор на нова влада траеше два дена.

Можно е да е слика од 10 луѓе, луѓе што стојат и костум

Во експозето пред пратениците Ковачевски рече дека фокусот на владината програма е на граѓаните, економијата и на справување со последиците од пандемијата и енергетската криза. Тој посочи дека не се потребни нови избори, најавувајќи зголемување на пензиите и раст на минималната и просечната плата, како и реформи во образованието. Говорејќи за спорот со Бугарија, Ковачевски рече дека разговорите ќе продолжат и ќе бидат интензивирани без да биде загрозен идентитетот на народот.

За денеска е најавен прием кај претседателот на државата Стево Пендаровски на премиерот Ковачевски и членовите на Владата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука