Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Денеска е „син понеделник“, најдепресивен ден во годината

Скопје, 17. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Третиот понеделник во годината е светски познат како најдепресивен и најтажен и за волја на вистината, многу луѓе низ годините потврдиле дека навистина се чувствувале така.

Датумот е „одреден“ од страна на психологот Клиф Арнал. Формулата со која е дојдено до тој заклучок во 2005 година ја претстави токму тој, и таа гласи: [W + (D – d)] x TQ / M x NA. Притоa, W = временските прилики, D = долгот, d = платата, T = времето кое минало од Божиќ, Q = времето минато од пропаднатите обиди да направиме нешто за себе, M = нивото на мотивација и NA = потребата да тргнеме во акција.

Без разлика на кој датум ќе се „падне“ понеделникот, тој го задржува овој таканаречен статус, бидејќи всушност е почеток на третата недела и со тоа завршува празничниот период во кој речиси целиот свет ги слави Нова Година и Божик, но и други празници поврзани со годината која започнува. Третиот понеделник во годината е она враќање во реалноста, кое нè потсетува дека имаме и други обврски поврзани со егзистенцијата.

Од една страна можете да се обидете да си го направите денот поубав, но можете да го оставите и да помине, бидејќи од утре веќе ќе се вратите во своите рутини и ќе се соочувате со предизвиците – изборот е ваш. (Крај)

извор: Скопје инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука