Охрид, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вработените во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ од понеделник, 2-ри февруари ќе се приклучат кон штрајкот на СОНК.
Ваква одлука донела синдикалната организација при ОСУ „Св.Климент Охридски“ на последниот состанок.
– За таа цел е формиран и штрајкувачки одбор кој до директорот достави известување со барање да се обезбедат соодветните услови за остварување на правото на штрајк на вработените, информираат од синдикалната организација во ОСУ „Свети Климент Охридски“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 41