Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

65 санкции за непрописно престигнување, од нив 11 на територија на СВР Охрид

Скопје/Охрид, 17. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 17-ти јануари 2022 година, во периодот од 07:00 до 10:00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија.

При тоа се санкционирани 65 возачи, од кои 22 на територијата на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Охрид, 10 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Струмица…

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука