ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид е хуман: Да и’ помогнеме на самохраната мајка на 4 дечиња Марија Шиниковска од Охрид

Охрид, 17. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Марија Шиниковска од Охрид има 33 години. После еден неуспешен брак, среќата ја бара во нова љубов од која и се раѓаат четири дечиња: Димитра, Светле, Виктор и Љубен. Охриѓани имаат уште една можност да ја покажат својата, веќе традиционална хуманост и уште еднаш да подадат рака кога е најпотребно.

По седум години тортура и семејно насилство, кое се случувало и пред децата, таа одлучува да стави крај на таа заедница. Марија лани била прифатена во Шелтер центар со своите малолетни деца.

– Мајка ми одамна е почината. Јас се борам, со сè и секого, само да обезбедам пристоен живот на моите деца, вели низ солзи оваа млада мајка.

На 14-ти јануари минатата година, на роденденот на малата Димитра, на телефонот на Марија се јавила една хумана жена, а добила и вест дека им е им е одобрен стан од 32 м2. За жал, Марија со децата сè уште не е вселена во тој стан, бидејќи Решението не било потпишано од надлежните. Поради тоа што поминал рокот до кога може да остане во Шелтер центарот, золвата на Марија, Виолета, се сожалила за децата, и ја засолнила Марија со најмилите.

Потребен им е компјутер бидејќи им рекле дека децата ќе учат online. Вели дека најголема желба им е да влезат во новиот стан, кој има една соба, но да биде нивна.

Комплетната сторија за Марија ОВДЕ, а доколку сакате и можете да му помогнете на ова семејство, тоа можете да го направите на жиро-сметката 200003119011421 Стопанска Банка. Дополнителни информации можете да добиете и на телефонскиот број 076/605-116. (Крај)

извор: Срце на дланка/prikazna.mk фото: prikazna.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука