Охрид, 21. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро намалено за еден сантиметар.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,35 м.н.в, што е за три сантриметри под просекот за јануари (693,38 м.н.в), односно 25 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е 8. степени, за степен повисока од месечниот просек.
И покрај минималното намалување, сепак нивото е блиску до просекот за овој период од годинава.
Во Охрид денес облачно и студено време со повремени врнежи од дожд и снег, особено претпладне. Врнежите најдолго ќе се задржат и ќе бидат пообилни во западните делови.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 4. степени.
– За време на викендов и со почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег. Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР