Охрид, 24. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Амбасадата на Јапонија во Република Македонија, во среда, на 2-ри февруари 2022 година, јапонски експерти ќе одржат предавање на тема „Балансирање на зачувување на животната средина и регионална/туристичка промоција на Охридското Езеро преку соодветно управување со местата на светското наследство“.
Професорите Јамасаки Масафуми и Ичики Шигеказу со учесниците ќе ги разменат јапонските знаења и искуства за теми кои се поврзани со Охридското Езеро.
– Предавањето ќе опфати искуства за зачувување на водата на езерото Бива во префектурата Шига во Јапонија, езеро старо над 4 милиони години, проценето како 13-то најстаро езеро во светот. И Охридското и езерото Бива се заштитени со закон и се на листата на светско наследство на УНЕСКО. Музејот на езерото Бива и Хидробиолошкиот институт во Охрид остварија научна размена и соработка во 2017 година, информираат организаторите.
Домаќин на предавањето, кое ќе се одржи во соработка со Мак-Јамс и Амбасадата на Јапонија во Тирана ќе биде Машинскиот факултет во Скопје, а модератор е професор Ташко Ризов. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива