Избор Култура

Втор ден од манифестацијата „Деновите на ученичкиот театар“

Охрид, 28. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на проектот „Популаризација на театарот“, денес во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ продолжува манифестацијата „Деновите на ученичкиот театар“.

Денес со почеток од 11.00 и 12.00 часот, ќе бидат прикажани драмските претстави „ Дилбер Стана“ во изведба на учениците од ОУ „ Братство Единство“, во режија на наставничката Јованка Љаткоска и драмата „Чорбаџи Теодос“, во изведба на учениците од ОУ „Григор Прличев“ , во режија на наставничката Маја Гугоска.

Овој проект за прв пат се реализира оваа година и ќе има ревијален, а не натпреварувачки карактер. Целта на овој проект е да се негува мајчиниот јазик, да се приближи театарската уметност до најмладата публика и притоа театарот да стане подостапен за секоја возраст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави