Охрид, 27. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – По повод 26-ти јануари, Светски ден за едукација за заштита на животната средина во НП „Галичица“ се одржа работилница насловена „Направи промена за здрава животна средина“.
Животната средина не спојува сите нас и делиме еден заеднички дом – планетата Земја. Едукацијата за нејзино зачувување и климатските промени се од голема важност, особено за децата од школска возраст, соопштија од НП „Галичица“.
– Работилницата заедно со Црвен крст Охрид беше реализирана со цел што повеќе да се осознае за тоа што е животна средина, како треба да се грижиме за истата, што се климатски промени и кои се причините и последиците од климатските промени, додаваат од установата.
Оттаму апелираат да рециклираме отпад, да правиме компост и секогаш да наоѓаме начин веќе искористените материјали повторно да ги употребиме. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: НП „Галичица“