јануари 27, 2022

Охрид, 27. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро, во однос на изминатите десетина дена, намелено за три сантиметри.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,33 м.н.в, што е за пет сантриметри под просекот за јануари (693,38 м.н.в), односно 23 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е 7. степени, во рамки на месечниот просек.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство3 землоделство, шумарство водостопанство управа хидрометеоролошки работи (споредба дневна хидролошка информацила за зареките природните езера очекувана тенденција наредниот табела станица водостои прикажани 01/27/2022 cm измерени 27.01.22 26.01.22 07:30 часот вардар 91 28.01.22 д.капила- вардар просек 80 30 јануари 92 97 82 бана 38 79 36 78 бабуна брегалница 53 сушево струмица б.мост 92 сатеска 83 59 99 = = ез.доран 69 122 ΜΗΜ 146.95 часот нд 146.95 842.27 842.27 693.35 н.дојран = 693.33 вода 843.78 07:30 охрид ез.охрид 693.38 3.0 7.0 3.0 7.0 нд нд 7.0 директор, агим муртезани обработка“Во Охрид денес сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 4. степени.

– Утре кон крајот на денот и во сабота претпладне претежно во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука