јануари 28, 2022

Скопје/Охрид, 28. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Амбасадата на Јапонија во Скопје и Амбасадата на Јапонија во Тирана, заедно со „Џајка Алумни – Мак-Јамс“ организираат предавање за регионална заштита на Охридското Езеро и промоција на туризам преку соодветно раководење на светското наследство.

– Професорот Јамасаки Масафуми и Ичики Шигеказу ќе го споделат своето знаење за јапонските искуства на овие теми со учесниците на предавањето за Охридското Езеро. Воведен збор ќе имаат Амбасадорот Савада од амбасадата во Скопје и Амбасадорот Такада од амбасадата во Тирана. Настанот ќе го модерира проф. Ташко Ризов од Машински Факултет-Скопје и претседател на Мак-јамс, информираат организаторите.

May be an image of 3 people, body of water and text that says 'Balancing Environmental Conservation and Regional / Tourism Promotion of Ohrid Lake through Appropriate Management ofWo Heritage Sites Online Lecture by Japanese Experts 02.02.2022 09:55 Ministry ForeignAf ffair ofJAPAN EMBASSYO JAPAN Embassyof apan Albania JiCA MACULT OF ENGINEERING MAK-JAMC'

Јапонија континуирано го поддржува развојот на капацитетите на македонските институции за третман на водите и животната средина преку програмите на ЏАЈКА (JICA). Во 2017 година Музејот на езерото Бива од Јапонија и Хидробиолошкиот институт од Охрид започнаа меѓусебна официјална соработка за двете езера.

Предавањето ќе се одржи на втори февруари во 09:45 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука