Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во среда крводарителска акција во СВР Охрид

Охрид, 31. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, 2-ри февруари, ќе се организира крводарителска акција во СВР Охрид.

– Крводарителската акција е во соработка со СВР Охрид и СТМ на која вработените во СВР и сите граѓани ќе можат да ја даруваат својата скапоцена течност и да станат нечиј херој. Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно, порачуваат од охридскиот Црвен крст.

Акцијата ќе се спроведе во периодот од 10:00 до 13:00 часот во просториите на СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука