февруари 2, 2022

Охрид, 2. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Јавната установа Национален перк „Галичица“ воспостави соработка со новоформираниот Национален парк Шар Планина. 

– На состанокот беа присутни директорот на ЈУНП Шар Планина Ибрахим Дехари со неговите соработници, а од страна на тимот при ЈУНПГ несебично беа споделени сите работни искуства, предизвици и начини на управување со заштитено подрачје категорија II Национален парк. Во следниот период ЈУНП Шар Планина ќе бидат насочени кон формирање на стручен тим и служба кои ќе вршат заштита на природа и ќе управуваат со четвртиот Национален парк во нашата земја, информираа од НП Галичица. (Крај)

извор: НП Галичица фото: НП Галичица

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука