Охрид, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија информираат дека се направени повеќе измени на раководните позиции во Секторот за внатрешни работи во Охрид.
На местото на досегашниот началник на СВР Охрид Зоран Серафилиоски, за нов началник времено е именуван Оливер Ефтимов, досегашен виш советник во СВР Струмица во Одделение за деташирани работници при СВКПС. Горанчо Наќевски, досегашен советник за ЈРМ и превенција во Секторот за полициски работи од општа и посебна надлежност при БЈБ на МВР, времено е распореден на работно место началник во Одделение за полиција при СВР Охрид, на местото од досегашниот начелник на оваа организациона единица Велко Спространов.
– Исто така на местото на досегашниот начелник во Оддeлението за криминалистичка полиција при СВР Охрид, Аце Вељаноски, именуван е Игор Смилевски досегашен главен инспектор – раководител во Отсекот за НТ со дрога и оружје на ОКП при СВР Охрид, а именувани се и нови раководители на Отсеците за економски криминал, за општ криминал и за НТ со дрога и оружје. За нов началник на ПС за БПС Охрид е именуван Рубинчо Џавероски, досегашен помошник командир во ПС за БПС Охрид, а покрај ова направени се промени и во други раководни позиции при повеќе организациони единици во рамки на СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива