Охрид, 15. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Веќе петти ден водостојот на Охридското Езеро е непроменет.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,37 м.н.в, што е за 12 сантриметри под просекот за февруари (693,49 м.н.в), односно 27 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е во рамки на месечниот просек и изнесува 6,5 степени.
Врнежи од дожд се најавени за утре, а високите дневни теператури во следните денови треба да продонесат кон топење на снежната покривка и зголемување на водостојот.
Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 10. степени.
– Утре ќе биде променливо облачно со повремен дожд, на планините со повремен снег, повеќе застапени во западните делови. Во петок во источните делови облачноста ќе се зголеми и ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде повисока, особено во сабота, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР