февруари 22, 2022

Охрид, 22. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Стручна литература за наставата по англиски јазик, информатика и програмирање, како и соодветен инвентар и компјутер доби како донација ОУ „Христо Узунов“ од Почесниот Конзулат на Република Унгарија во земјава.

Со оваа донација ќе биде збогатена библиотеката во училиштето, а воедно таа е добредојдена за наставата по англиски јазик и информатика, посебно за додатната настава за талентирани ученици, вели директорката Оливија Пирузева Јанева.

Нема достапен опис

– На средбата со комесарот за Почесни конзулати во Министерството за надворешни работи на Унгарија и Почесниот Конзул на Унгарија во земјава се дискутираше за можноста за соработка со унгарски училишта од Будимпешта, во врска со размена на искуства во програмите и наставата во образовните институции. Како училиште изразуваме голема благодарност до Конзулатот на Република Унгарија, со желба за понатамошна соработка, истакна Јанева. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОУ „Христо Узунов“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука