Охрид, 8. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Повторно покачен водостојот на Охридското Езеро.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,43 м.н.в, што е за 6 сантриметри под просекот за март (693,49 м.н.в), односно 33 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 6,5 степени и е во рамки на месечниот просек.
За десетина дена езерското ниво пораснало за четири сантиметри, а се очекува и понатаму да расте.
Во Охрид денес променливо облачно и студено време со услови за локални врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 3. степени.
– Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес УХМР