Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Генератор за струја вклучен во дворот на дирекцијата на ЈП „Водовод“ Охрид (Фото/Видео)

Охрид, 18. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Генератор за струја (агрегат) беше вклучен денеска во дворот на дирекцијата на ЈП „Водовод“ Охрид кај „Билјанини извори“.

До овој момент нема потврдени информации дали станува збор за комплетно исклучување на напојувањето со електрична енергија и како и дали истото ќе се одрази врз нормалното работење на претпријатието.

Порталот Охрид 1 вчера објави дека ЈП „Водовод“ Охрид добило налог да му биде исклучено напојувањето со електрична енергија на управната зграда и деловниот објект „Наплатен центар“. Барањето било поднесено од страна на приватниот снабдувач со електрична енергија, компанијата ЕДС – Енерџи Деливери Солушнс. Доспеаниот долг за наплата изнесува 23.886.568 денари од кои 1 милион денари се платени денеска и останале 22.886.568. Овој износ е за месеците од август кога почна да расте цената на струјата наваму. Локалните власти низ Македонија се соочуваат со големи проблеми предизвикани од сметките за потрошена електрична енергија, а од централната власт во Скопје велат дека тоа е проблем на општините, а не на државата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука