Охрид, 31. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Последните денови од месец јануари во Охрид донесоа врнежи од дожд, провејување на слаб снег на повисоките места.
Синоќа во Охрид имаше врнежи од дожд и засилен ветер. Ветерот не предизвика некои посериозни проблеми, освен што на места имаше паднати помали гранки од дрва, турнати некои послаби градежни конструкции од објектите за домување, или турнати кабли.
Силниот ветар единствено предизвика поголеми бранови на крајбрежјето на Охридското Езеро.
И во текот на денешниот ден во Охрид се најавуваат слаби врнежи од дожд. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 39