април 4, 2022

Скопје, 4. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.024 тестирања, при што се регистрирани 41 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 31
• Кавадарци 4
• Неготино 2
• Куманово, Прилеп, Тетово и Штип по 1

Од вкупниот број на позитивни (41), регистрирани се 10 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (3), кај две лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Кичево (89 години), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 2 починати лица од: Скопје (66 години) и Кавадарци (55 години). Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, и едно лице во болнички услови. Пријавените лица се починати на 15.03.2022 година.

Регистрирани сe 457 оздравени пациенти од:

• Скопје 250
• Битола 33
• Прилеп 29
• Охрид 28
• Тетово 19
• Кичево 16
• Велес 10
• Делчево 9
• Куманово и Гостивар по 6
• Кавадарци и Струмица по 5
• Кочани, Радовиш, Виница и Крушево по 4
• Штип, Гевгелија, Ресен, Дебар и Пробиштип по 3
• Струга и Богданци по 2
• Неготино, Крива Паланка, Валандово, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.970.059 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, бројот на оздравени пациенти е 295.914, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.566. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука