април 5, 2022

Скопје, 5. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.212 тестирања, при што се регистрирани 236 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 125
• Битола 29
• Кавадраци 12
• Прилеп и Гевгелија по 10
• Охрид 9
• Ресен 7
• Кичево 6
• Куманово 5
• Струмица 4
• Велес 3
• Гостивар, Штип, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип по 2
• Тетово, Кочани, Берово, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево по 1

Од вкупниот број на позитивни (236), регистрирани се 38 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани нови починати лица.

Регистрирани сe 252 оздравени пациенти од:

• Скопје 137
• Битола 34
• Прилеп 17
• Кавадарци 15
• Куманово и Велес по 7
• Кичево и Дебар по 5
• Делчево, Кочани и Неготино по 4
• Тетово 3
• Ресен, Струмица, Штип и Крива Паланка по 2
• Гевгелија и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.972.271 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.947, бројот на оздравени пациенти е 296.166, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.550. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука