Скопје, 8. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.020 тестирања, при што се регистрирани 163 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 102
• Битола 18
• Куманово 8
• Прилеп и Ресен по 5
• Кавадарци, Велес и Кичево по 3
• Тетово, Охрид, Струмица, Гевгелија и Делчево по 2
• Гостивар, Радовиш, Валандово, Виница, Кратово и Демир Капија по 1
Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (4), кај 3 починати лица се регистрирани коморбидитети.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (1), Тетово (1), Охрид (1) и Струмица (1), на возраст од 64 години до 83 години. Пријавените лица се починати во период од 02.03.2022 до 21.03.2022 година. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Регистрирани сe 259 оздравени пациент од:
• Скопје 153
• Кавадарци 21
• Битола 17
• Куманово, Прилеп и Велес по 8
• Гостивар 7
• Ресен и Охрид по 6
• Тетово и Делчево по 4
• Кичево, Струмица, Струга и Неготино по 3
• Крива Паланка 2
• Валандово, Кочани и Свети Николе по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.978.825 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.507, бројот на оздравени пациенти е 296.833, на починати е 9.240, а бројот на активни случаи изнесува 1.434. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство