ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Крстеска: Штрајкот во Охрид успешно се спроведува, нема притисоци врз вработените

Охрид, 11. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Штрајкот во Охрид започна успешно, во некои училишта се одржани само 1-2 часа, инаку настава во училиштата не се одржува, информира Катерина Крстеска, претседател на Регионален огранок на СОНК во Охрид.

Во градинките штрајкуваат над 60% од вработените, преостанатите повеќето се административно-технички персонал и не го поддржале штрајкот. Од штрајкувачите во градинка само две вработени се од техничкиот персонал, а сите други се од водпитниот кадар.

Околу 10% од вработените во образованието не го поддржале штрајкот, тоа се лица со нерешен статус, што се со договор на дело и немаат по кој основ да се приклучат, а дел од нив сакале да се штрајкуваат, додава Крстеска.

Потенцира дека нема притисоци врз вработените, а меѓу штрајкувачите има и поддржувачи што не се членови на СОНК или во некој друг синдикат.

Нема достапен опис

– Настава во основните и средните училишта, освен во некои каде се одржале 1-2 часа, не се одржува. Во градинка од понеделникот им беа поделени изјави дека солидарно го поддржуваат штрајкот, во четвртокот ги доставивме кај директорот, а веќе во петокот добивме од дел од нив противизјави, дека ќе работат, значи првично прифатија да штрајкуваат, а потоа се откажаа, од кои причини конкретно не знаеме, рече Крстеска.

Дека штрајкот се спроведува потврди и Димче Донески претседател на синдикална организација во ОУ Ванчо Николески во село Лескоец. Тој порача сериозно да се сфати конкретната општествена состојба во која се наоѓаат и Владата час поскоро да направи од учителите уште поголеми мотиватори на децата.

Нема достапен опис

– Кај нас се штрајкува целосно, се сфати сериозноста на проблемот, родителите нé разбраа, знаат дека наставниците се мотиватори на нивните деца. Во сите подрачни училишта наставниците се на нивните работни места, во Ливоишта, Косел и Куратица не изостанува ниеден вработен, не само член на СОНК туку и членови на други синдикати, рече Донески.

Синидикалците велат дека ќе штрајкуваат до исполнување на барањата донесени со одлука на СОНК, а тое се да се изедачи платата по сите коефинциенти, по сите профили на работни места за онолку колку што се зголеми минималната плата или околу 18,4 % по сите работни места и до јануари 2024 да има исплата по колективен договор, по коефицеинтите како што е предвидено.

Крстеска потенцира дека од 2017 година минималната плата е покачена за 78%, а покачувањето во градинките и училиштата досега е околу 20%.

Во однос на институциите од областа на културата, тие даваат поддрша на колегите од образование, но тие не се во штрајк бидејќи кај нив се исполнети условите според колективен договор, по добиен допис од министерката за култура дека ќе се исплаќа минимална плата по сите коефициенти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука