ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Безживотно машко тело пронајдено кај Св. Наум

Охрид, 12. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Безживотно машко тело пронајдено кај Св. Наум.

– На 11-ти април 2022 година околу 10:00 часот во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, кај комплексот „Св. Наум“, забележано е безживотно машко тело. Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство. Безживотното тело е пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција. СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука