Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Починат маж пронајден во поранешен ресторан на улицата „Партизанска“ во Охрид

Охрид, 12. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во поранешен ресторан на улицата „Партизанска“ во Охрид пронајден е починат маж.

– На 11-ти април 2022 година во СВР Охрид пријавено е дека во поранешен ресторан на улицата „Партизанска“ во Охрид пронајден е починат М.Ј.(59) од селото Липец, општина Виница, со престој во Охрид. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото било пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција, информираат од СВР Охрид.(Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука