Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Благајник во струшка Нефрологија четири години сам си ја зголемувал платата, присвоил над 340 илјади денари

Струга, 12. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 58-годишниот Р.Ч. од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Пријавениот, во својство на благајник-вработен во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ во Струга, во периодот од 2018 до 2022 година, секој месец во различни износи вршел незаконско зголемување на својата плата со што, го оштетил буџетот на болницата, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 342.317 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука