Скопје, 12. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.290 тестирања, при што се регистрирани 150 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
Скопје 84, Битола 23, Прилеп 9, Охрид 5, Куманово и Гостивар по 4, Кавадарци 3, Тетово, Струмица, Штип, Кичево, Делчево и Демир Хисар по 2, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка, Виница и Пехчево по 1.
Од вкупниот број на позитивни (150), регистрирани се 27 реинфекции.
Регистрирани сe 246 оздравени пациенти од: Скопје 123, Битола 23, Прилеп – 16, Кавадарци и Охрид по 15, Штип 7, Струга и Гевгелија по 5, Кочани и Делчево по 4, Куманово, Велес, Кичево, Дебар и Виница по 3, Гостивар, Берово и Валандово по 2, Тетово, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Богданци, Крушево, Македонски Брод и Македонска Каменица по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Демир Хисар (68 години), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 3 починати лице од Скопје на возраст од 58 до 93 години.
Пријавените лица се починати во периодот од 12-ти до 17-ти март 2022 година, две во болнички и едно во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.986.783 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.967, бројот на оздравени пациенти е 297.600, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи изнесува 1.111. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство