Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Вработените во Македонска пошта од четврток на штрајк, охридската подружница со поддршка на колегите

Охрид, 12. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охридската подружница на „Македонска пошта“ ќе го поддржи штрајкот во компанијата, кој е најавен за четврток.

Вработените бараат зголемување на платата за 3.000 денари после 32 години работа, особено во овие тешки моменти во кои се наоѓа државата, покачени цени и намалена куповна моќ.

– Во секоја борба мора да се жртвува нешто. Да жртвуваме неколку дневници за да добиеме подостоинствен живот во наредниот период, велат за Супер радио и OhridPress.

Неофицијално, кон штрајкот ќе се приклучат и охридските експозитури, а одлуката за приклучување кон штрајкот е оставена на самите вработени. Во четврток и додека трае штрајкот ќе се примаат само итни и препорачани пратки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука