ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Вработените во Македонска пошта од денеска на штрајк, охридската подружница со поддршка на колегите

Охрид, 14. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охридската подружница на „Македонска пошта“ ќе го поддржи штрајкот во компанијата, кој започнува денеска.

Вработените бараат зголемување на платата за 3.000 денари после 32 години работа, особено во овие тешки моменти во кои се наоѓа државата, покачени цени и намалена куповна моќ. Неофицијално, кон штрајкот ќе се приклучат и охридските експозитури, а одлуката за приклучување кон штрајкот е оставена на самите вработени.

– Во секоја борба мора да се жртвува нешто. Да жртвуваме неколку дневници за да добиеме подостоинствен живот во наредниот период, велат за Супер радио и OhridPress.

Според синдикалните организации, работата на А.Д. Пошта на Македонија, ќе биде целосно во прекин освен за неопходните активности кои давателите на поштенски услуги мора да ги обезбедат непречено, согласно член 49 од Законот за поштенски услуги и Колективниот договор на ниво на работодавач, и тоа се до прифаќање на барањата. Согласно Законот за поштенски услуги, вработените имаат обврска да го почитуваат член 49 и да обезбедат прием, сортирање и дистрибуција на поштенски пратки кои се однесуваат на препорачани судски пратки, препорачани пратки од безбедноста и одбраната и одредени други препорачани пратки кои се наведени во законската регулатива.

Одлуката за стапување во генерален штрајк беше донесена на 31-ви минатиот месец, по, како што информираа, неуспешниот дијалог со Управниот одбор на Поштата и Владата и нереализирањето на барањето за повисоки плати. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука