Избор Струга ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Останува на сила препораката за намалена брзина на движење кај „Мали Влај“, на патот кон „Ќафасан“

Струга, 14. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – На патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“, на делницата од бензинска пумпа „Камара“ до м.в. „Мали Влај“, на учесниците во сообраќајот им се препорачува намалување на брзината на движење до 40км/час поради изведување на градежни работи на пат (крпење на ударни дупки).

– Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк „Галичица“ се’ уште е затворен за сообраќај за сите видови на возила. Од охридска страна, сообраќајот се одвива до месноста „Корита“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука