Избор

Школа за компјутерски вештини 3DS Max/V-Ray во Охрид

Охрид, 1. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од 1-ви јули во Охрид ќе започне со работа летната школа за современа компјутерска лабораторија, 3DS Max/V-Ray.

Станува збор за професионален тренинг и обука наменет за сите заинтересирани млади, кои се занимаваат со архитектура, дизајн, ТВ и филм артисти, девелопери на игри и CG – артисти.

Дипломите кои ќе ги стекнат учесниците на обуката, се признаени од цел свет. Обуките ќе ги држат голем број на обучени тренери. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави