Избор Охрид

Објавен тендер за изградба на затворен базен во Охрид

Охрид, 1. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за финансии на Република Македонија, односно Бирото за јавни набавки, објави оглас за доделување на договор за изградба на затворен пливачки базен во Охрид.

Понудите на заинтересираните фирми треба да се поднесат до носителот на проектот – Агенцијата за млади и спорт, најдоцна до 16-ти јули годинава. Според огласот, проценетата вредност на договорот е 254.237.288,20 денари без ДДВ, односно нешто повеќе од четири милиони евра.

Се очекува реализацијата на проектот да започне во наредните неколку месеци. Објектот ќе се простира на површина од 15.000 м2, со предвидени трибини и над 500 седишта, со димензии на базенот од 33 на 22 метри.

Охрид децениите наназад претставуваше расадник на пливачи, но немањето затворен базен и нефункционирањето на отворениот базен во градот негативно се одразија врз овој вид спорт. (Крај)

извор: Спортмедиа.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави